7.8 C
Скопје
00:48 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Интензивни врнежи на снег, на повеќе места ќе се формира убава снежна покривка

– Под влијание на влажна и студена воздушна маса денес времето во Македонија ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од СНЕГ. Само на некои од пониските места, и тоа особено во Повардарието и во југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и снег. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, и тоа во северните и во западните предели од 5 до 10 сантиметри, на некои места и до околу 20 сантиметри, додека на планините истата ќе се зголемува. Ќе започне да дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи претежно од снег, каде се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.

Според Попоски од утре па натаму следува период на претежно стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде честврток кога ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и засилен ветер од северен правец. Наутро повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....