7.8 C
Скопје
20:53 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Доаѓа студен северен бран, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на повремен локален дожд и тоа особено во југоисточните предели. На планините ќе провејува снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, од утре па во следните денови времето ќе биде променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за локално поровејување на снег. Ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....