5.8 C
Скопје
00:48 - 1 април, 2026

Славчо Попоски предупредува на поплави, силен ветер и град

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до самиот крај од оваа недела на повеќе места низ Македонија времето ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад, и најсвежо ќе биде токму во петок кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Од сабота пак температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи многу нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 27 степени, а најсвежо ќе биде во петок кога максималната температура ќе се искачи до само 19 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....