5.8 C
Скопје
22:28 - 12 март, 2026

Славчо Попоски предупредува на поплави, интензивни дождови и големо количество на воден талог

– До самиот крај од оваа недела и тоа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места низ Македонија ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад и најсвежо ќе биде токму во петок, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Потоа од сабота температурите повторно ќе бележат тенденција на постепен пораст. И во Скопскиот регион во следните денови ќе има честа појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 30 степени, а најсвежо ќе биде во петок кога максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.
Се вчитува....