7.8 C
Скопје
23:46 - 30 март, 2026

Славчо Попоски предупредува на циклон над Македонија

– Во текот на новата седмица која што ни претстои, и тоа под влијание на ИЗРАЗЕНА влажна и нестабилна воздушна маса, времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд (за релативно кратко време поголемо количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде од поголем пречник. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање. И во Скопскиот регион во текот на новата седмица која што ни претстои, ќе растат условите за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, додека температурите ќе бележат тенденција на опаѓање – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....