8.8 C
Скопје
21:06 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НОСИ СНЕЖНИ ВЕСТИ: Еве каде ќе се „скијаме“ викендов!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи, силен ветер локално со брзина од над 80 км/час и услови за ретка појава на град. Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, додека попладне ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Спорд Попоски, за време на викендот, како и во првите денови од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека за време на викендот на планините врнежите ќе бидат од снег, а ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен, додека пад на истите и посвежо време се очекува од недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....