7.8 C
Скопје
22:51 - 24 март, 2026

Славчо Попоски најавува: Земете си чадор, еве кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за ретка појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Според Попоски, во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ, и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат 35 степени. УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето во текот на следните денови и да пијат што повеќе течности.

Слични објави

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....