5.8 C
Скопје
04:48 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Сонце, па пак дождови, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди, подолги во јужните предели. Претпладнево во североисточните планински предели сеуште ќе има услови за провејување на слаб снег. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.
Според Попоски, во следните неколку денови времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Нешто повеќе облачност ќе има за време на викендот, кога ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Температурите ќе бидат релативно високи и натпросечни за овој период од годината и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....