03:46 - 9 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВA: Сонце, еве кога ќе уживаме!

– Како што најавивме, утре ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, додека нови врнежи од дожд на повеќе места ќе има во четврток кога локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повторна стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота, додека во недела попладне повторно ќе има локално зголемување на облачноста и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. Во текот на следните денови исто така ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Што се однесува до температурите, тие од утре па натаму ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека од петок во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 25 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност, додека нови повремени врнежи од дожд ќе има во четврток, кога ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, услови за појава на грмежи и засилување на ветерот.

Според Попоски, во петок и во сабота ќе биде претежно стабилно, додека во недела попладне повторно има помали услови за слаби локални врнежи од дожд. Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 22 степени.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....