1.8 C
Скопје
00:22 - 11 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Сончево со локални врнежи од дожд, проверете кога и каде

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и натпросечно топло. Особено во западните предели ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец, додека кон крајот на денот и навечер и тоа особено во западните и во северните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и натпросечно топло.

Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Според Попоски утре времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните температури и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Заладување на времето како што најавивме ќе има во вторник, кога врнежи ќе има на повеќе места и локално истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег.

– Сè ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. Во вторник исто така услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање и максималните дневни температури во вторник ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 12 степени во најтоплите предели од државава. Од среда па натаму времето ќе биде постабилно и релативно суво со сончеви периоди – додава Попоски.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....