02:21 - 11 ноември, 2026

Славчо Попоски најавува СИЛНО НЕВРЕМЕ

– Поради влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, но и поради големата енергија во Атмосферата, денес во попладневните и во вечерните часови, како и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Поради ваквата состојба препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. И во Скопје и околината ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со локална појава на град. Услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во деновите по утрешниот ден. Сепак и покрај најавата за силно невреме, тропските горештини и понатаму ќе се задржат во Македонија, па така температурите како денес , така и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....