09:16 - 12 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Сибирско студено време, потоа – пак, топло! Проверете кога…

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено. Претпладнево сеуште ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени. Потоа од утре па натаму следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Според Попоски, ќе продолжи да дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО, и тоа особено утре и во петок кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени. Потопло преку ден ќе биде во петок и за време на викендот, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 12 степени.

Слични објави

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....