10:43 - 11 април, 2026

Славчо Попоски најавува: Предвреме – лето, проверете колкави се температурите!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и ретка појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, за време на викендот ќе биде понестабилно, односно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ветер и со појава на град. Услови за попладневна локална нестабилност ќе има и во почетокот од следната недела.

Што се однесува до температурите, тие остануваат МНОГУ ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

Слични објави

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.
Се вчитува....