7.8 C
Скопје
22:39 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Поројни дождови и силен ветер, еве кога!

– За време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. И понатаму ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека од утре истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во првите денови од следната недела. И во Скопскиот регион овој викенд, како и во првите денови од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Викендов ќе дува и умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 18 степени.

Напомена: За време на овој викенд и понатаму има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....