16:02 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Подгответе ги чадорите, еве за кој ден!

– Како што претходно кажавме, до среда времето ќе се задржи сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Температурите остануваат натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски потоа од четврток па натаму ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
– И во Скопскиот регион до среда времето ќе се задржи сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени – вели Попоски.
Повеќе облачност и услови за повремен локален дожд ќе има од четврток па натаму, а температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо
Се вчитува....