5.8 C
Скопје
03:26 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува НЕВРЕМЕ, проверете кога

– Во следните денови како што и најавивме, во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено високи за овој период од годината, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Пад на истите се очекува од недела. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови и тоа особено за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на КРАТКОТРАЈНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ. Ќе биде и МНОГУ ТОПЛО со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени, додека пад на истите се очекува од недела – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....