13:10 - 2 април, 2026

Славчо Попоски најавува: Невреме, еве каде во Македонија!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Околу пладне и попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Околу пладне и попладне во делови од котлината ќе има услови з краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Според Попоски во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и максималните дневни веќе од среда во најтоплите предели ќе надминуваат дури и 35 степени. Сето ова е поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка продира кон нашата држава.

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....