5.8 C
Скопје
01:44 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува многу високи температури, еве до кој степен!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени. Потоа за време на викендот ќе биде особено нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Во почетокот од следната недела ќе имаме постабилно и посончево време, иако во попладневните часови не се искллучува можност за изолиран развој на нестабилност.
Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се намалат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека уште малку пониски температури ќе имаме во недела кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета. Исто така во случај на електрични празнења, овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....