5.8 C
Скопје
13:25 - 21 февруари, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Многу снег, еве колкава снежна покривка ќе има!

– До крајот на денов и вечерва времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи претежно од снег. На планинските места снежната покривка же се зголеми дури за 20 до 30 цм, а нова ќе е формира и на некои пониски места, и тоа особено во западните и во југозападните предели и истата локално ќе биде со висина од над 15 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Повремено врнежите има услови да преминуваат во дожд и снег, или влажен снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени. Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи претежно од снег.

Снежната покривка на планинските места ќе продолжи да се зголемува, додека нова ќе се формира и на некои пониски места, а таму каде што ја има на пониските места истата ќе се зголемува. Особено од среда ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однедува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека од средината на неделата истите понекаде ќе се спуштат дури идо -10 степени, а на планинските места и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, а од средината на неделата истите ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени. НАПОМЕНА: Овие температури се ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Слични објави

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо
Се вчитува....