7.8 C
Скопје
22:38 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Многу потопло време, проверете кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени. Потоа утре и во среда времето ќе се задржи сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Наутро сеуште ќе биде СТУДЕНО и тоа особено утре кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски во четврток ќе има повеќе облачност и ќе има појава на локален дожд и снег на планините. Продор на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север ќе има во петок, како и за време на викендот кога услови за локални послаби врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, а температурите повторно ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....