8.8 C
Скопје
19:14 - 9 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Малку сонце! Па, пак снег и дожд, проверете кога!

– Во текот на денешниот ден, како и утре времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Особено денес ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Според Попоски од петок попладне и навечер следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на ниските и од снег на повисоките места и на планините.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, додека пад на истите ќе има за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Слични објави

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

Еспресо

Младата ѕвезда од „Шербет од брусница“ е меѓу најпребаруваните актерки во 2026: „Да, мислам дека успеав“

Еспресо

(Фото) Познатата Србинка прво одбила, па се согласила да го напушти Дубаи: „Поради притисокот на луѓето во Србија…“

Еспресо

За здравствената состојба на Зорица Брунцлик се молчи, на Кемиш му пристигнала емотивна порака

Еспресо

Пукање пред вилата на Ријана во Беверли Хилс: Уапсена жена, пејачката била дома

Еспресо

Мите Стоилков стана татко! Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ доби ќерка, девојчето има уникатно име

Еспресо
Се вчитува....