6.9 C
Скопје
04:14 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Интензивни врнежи од снег, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени. Потоа утре и во четврток во текот на денот времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Наутро ќе биде многу студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран во текот на ноќта четврток кон петок, како и во петок се очекуваат врнежи од снег, ПОИНТЕНЗИВНИ во западните предели, каде ќе се формира снежна покривка и на пониските места, а на планините истата ќе се зголеми. Мала снежна покривка ќе се формира и на другите места а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Потоа за време на викендот се уште ќе има услови за слаби локални врнежи од снег. Наутро и тоа особено за време на викендот ќе биде особено студено и минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 2 степени.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....