7.8 C
Скопје
21:56 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Интензивни врнежи, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Особено во западните и во југозападните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени. Потоа услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, додека во среда времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена облачност.

Според Попоски, нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд ќе има од четврток па натаму, кога ќе дува и засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, додека во најтоплите предели истите се очекува да бидат уште малку повисоки и да се искачат до околу 23 степени.

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....