18.8 C
Скопје
15:59 - 11 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: И понатаму снег, но во ОВИЕ делови на Македонија

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Особено во јужните и во југоисточните предели ќе има услови за локални послаби врнежи претежно од снег. Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Според Попоски, услови за локално провејување на снег ќе има и во текот на утрешниот ден, а ќе дува и засилен ветер од северен правец. Од петок па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin
Се вчитува....