11:48 - 31 јануари, 2026

Славчо Попоски: Ќе паѓа снег, па повторно убаво време, еве кога!

– До овој петок времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Сепак во петок полека облачноста ќе се зголемува, додека во петок навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен ветер од северен и од североисточен правец. Токму поради ова на планините над 1800 м.н.в во западните предели ќе има и повремени врнежи од СНЕГ.
Од недела па натаму повторно следува период на претежно стабилно и суво време. Температурите до петок ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на ПАД за неколку степени и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.
Во Скопје и околината до петок времето ќе се задржи стабилно и суво, додека во текот на ноќта петок кон сабота ќе има услови за повремени врнежи од дожд кога ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 15 и 16 степени степени.
НАПОМЕНА: До утре по одделни котлини и речни долини во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Слични објави

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.
Се вчитува....