13:18 - 10 ноември, 2026

(Фото) Меланија Трамп се врати како дива: Колку чини модниот изглед на „кралицата на стилот“?

Меланија Трамп се врати со целиот свој беспрекорен стил да се појави во јавноста, тоа го направи покрај нејзиниот сопруг Доналд по повод конгресните избори. За таа пригода го даде својот максимум во поглед на модниот избор, оставајќи софистициран впечаток.

Меланија Трамп не се појавуваше во јавноста од минатиот август, но веднаш се врати во центарот на вниманието.

За оваа прилика поранешната моделка одбра сив миди фустан во молив крој, модел на Александар Меквин. Изгледа дека е составен од две посебни парчиња, но всушност е едно, а украсен е со впечатли набор кој ја нагласува убавата силуета на поранешната прва дама на САД.

Горниот дел пак, е без ракави, во елегантна црна нијанса, но со светкави микро риги. МОдната комбинација е заокружена со чевли на високи потпетици, црна чанта и црни очила за сонце.

Инаку, здолништето е „маст хев“ на сезоната есен/зима 22/23, достапно во продажба во сива и црна нијанса. На модните сајтови, фустанот се продава за 1.990 долари.

Колку чини ташната на Меланија?

Додатоците, сите дизајнерски и скапи, ја направија разликата во изгледот на Меланија. Како прво, таа не се откажа од нејзините макси темни очила во полн дива стил, ниту од нејзините многу сакани чевли Луботин,  поточно класичните црни кожни чевли со штикла препознатливи по легендарниот црвен ѓон. Складната чанта која ја носеше во раце, пак, е чанта Кели од Хермес, една од оние модели кои се исплатливи како инвестиција во банка. Причината? Иако брендот одржува одредена воздржаност за прецизни цени на своите чанти, според проценките тие би требало да вредат над 30.000 евра.

 

Слични објави

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.
Се вчитува....