13:31 - 10 ноември, 2026

Кобно патување со својот љубовник – како исчезна од брод Дилек Ертек, дамата на златото во Турција?

Богатата претставничка на империјата за накит „Тифани“ во Турција Дилек Ертек паднала од брод за крстарење и починала. Трагедијата се случила во морето кај брегот на Тахити.

Турскиот весник „Сабах“ објави дека нејзиното семејство повикало полиција за да ја истражи улогата на нејзиниот партнер, швајцарски државјанин, кој бил на крстарењето со неа.

Нејзиниот син Гокче Атук изјавил дека од сефот во кабината на неговата мајка исчезнал и вреден накит.

Прегледот на надзорните камери утврдил дека Ертек паднала во морето околу три часот наутро, а нејзиниот љубовник ја пријавил како исчезната 20 часа подоцна.

Како што пишуваат турските медиуми, нејасно е како жена која е висока само 157 сантиметри и која никогаш не пиела алкохол, паднала преку оградата од својата кабина висока повеќе од еден метар.

 

 

Слични објави

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.
Се вчитува....