11.8 C
Скопје
09:51 - 28 март, 2026

Славчо Попоски: Ќе има ли сонце или дожд и невреме? Еве каква е прогнозата за времето за Велигден

– Под влијание на Фронтален систем од запад, во петок, како и за време на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден , времето во Македонија ќе биде доста нестабилно, на повеќе места со попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Повремени врнежи ќе има и во претпладневните часови.

Поради повремениот пад на температурите, ќе се создаваат услови за повремени врнежи од СНЕГ  на високите планини.

Можна е појава на локално НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, електрични празнења и локална појава на град,.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 17 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.

И во Скопскиот регион ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 20 степени само утре, а потоа температурата повторно ќе биде пониска.

Барем отсега гледано, нема на видик долготрајна стабилизација на времето и високи пролетни температури, што значи дека продолжува доста променливото време, со почести врнежи – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.
Се вчитува....