7.8 C
Скопје
20:48 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Какво време ќе имаме за празничниот продолжен викенд?

– Како што најавивме, во следните денови, вклучувајќи го и продолжениот празничен викенд времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и тоа особено долж Повардарието. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на опаѓање, и тоа особено за време на продолжениот празничен викенд кога ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион во следните денови ќе има нешто повеќе облачност, но ќе има и сончеви периоди а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд но со послаб интензитет, додека температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат до околу 22 степени.

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....