17.8 C
Скопје
18:52 - 18 октомври, 2026

Мислите дека личите на Кејт Мидлтон и имате теланет за глума? Пријавете се на кастинг!

Се бара девојка која личи на Кејт Мидлтон. Нетфликс започнува со кастинг за „The Crown 6“.

По принцовите Хари и Вилијам, сега се бара соодветна актерка за улогата на војвотката од Кембриџ.

Најавата за потрага по идеална кандидатка, на Твитер ја објави Кејт Боун, кастинг директорка. Заинтересираните треба да испратат своја фотографија на која личатна 18-годишната Кејт Мидлтон, односно на војвотката во раните 2000-ти. Шестата сезона на The Crown всушност го опфаќа периодот од смртта на Лејди Дијана до раните години на новиот милениум, кога Вилијам ја запознава Кејт на Универзитетот Сент Ендрју, во Шкотска. И знаеме што понатаму следуваше.

„Бараме силна физичка сличност. Ве молиме погледнете ги добро фотографиите за референца. Снимањето ќе започне кон крајот на август 2022 година, во Велика Британија. Не е потребно претходно професионално искуство“ – се наведува во барањето.

И се нагласува дека „на младите актерки и нивните семејства ќе им се обезбеди сета потребна поддршка“.

Под објавата – твитот на Кејт Боун веќе почнаа да се пријавуваат девојки кои мислат дека личат на Кејт, а со надеж дека ќе бидат контактирани.

А вие? Познавате некој што личи на Кејт? Или личите на неа баш вие? Еве ви супер шанса за добра заработувачка, а секако и за брза слава.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....