13.8 C
Скопје
14:26 - 18 декември, 2024

Скопјанката Марија за нејзината другарка: Во секое маало е главна фаца!

Животно искуство кое Марија не би го заменила со ниедно друго, Беа е нејзин неисцрпен извор на среќа.

Марија Алексовска од Скопје денеска ни ја раскажа приказната за Беа, кучето кое ѝ донесе безусловна љубов и кое станало нејзина најдобра другарка.

Навидум, сите приказни за посвоени миленичиња наликуваат една на друга, но секојпат ни се потврдува фактот дека секое животно си има свој карактер, па оттука и приказните за нив се посебни и единствени.

Марија и Беа

Беа ја најдов на оглас во групата Миленичиња на Фејсбук. Отсекогаш сум сакала куче, но јасно ми беше дека одговорноста е огромна и дека треба да бидам подготвена и дека откако ќе ја земам, треба да си ја имам во план за наредните 10-15 години. Со почетокот на пандемијата престанав да патувам, и, иако бев многу скептична за чување куче во стан, решив дека ќе биде сега или никогаш. До ден денес имам грижа на совест дека ја казнувам што ја чувам во стан, но давам сè од себе колку што е можно повеќе да бидеме во природа и да си ги има своите 2-3 часа уживанција во денот, затоа што порасна во големо куче, на кое му треба добро да се истрча и измори, раскажува Марија.

Кога пристигнала во нејзиниот дом, Беа имала 3 месеци, многу била тажна и првите 10 дена меѓу нив биле навистина чудни. Тогаш Беа мочкала и какала на пелени во домот на Марија, а неа ја фатило паника дека тоа нема да се промени. Првите неколку месеци додека се прилагодувале една на друга, биле малку тешки, но денеска таа не може да си го замислам животот без Беа и ја планира буквално за сè, како што самата вели:

– Дури со мене била и на пијачка во бар. После седмиот месец, Беа ги имаше стекнато сите хигиенски навики, а исто така и престана да грицка работи што не треба. Во домот не се ни забележува нејзиното присуство, освен по нејзините паднати влакна. И многу сака да ми прави друштво додека јадам, но е многу културна и си го чека својот ред.

Е за надвор е друга приказна. Иако Беа прави здраво со двете шепи, знае команди за седни и стани, командата за да се врати кога Марија ја вика, се преправа дека не ја слуша. А ја „вади од такт“ кога ќе најде коска на улица и ќе фати да бега со неа или што мора да се поздрави со секое можно куче што го среќаваат по пат. Лутината брзо им поминува и на двете, а и има доста мила звезда, па обично луѓето ѝ даваат комплименти на улица: „Леле види колку убаво, бело куче.“

– Знае и да ме исплаши, да ми се сокрие и да мислам дека се изгубила, но интуицијата секогаш ми кажува дека не е далеку од мене, и дека ќе се најдеме многу брзо и секогаш на крајот е така, иако во самиот момент не ми е сеедно, па со довикување и трчање се обидувам да ја најдам, вели Марија.

Беа е стерилизирана на 7 месеци, а Марија вели дека стерилизацијата, за сега, никако не го афектирала нејзинот живот и темперамент. Беа е многу среќно, дружељубиво и пргаво куче, но има една мана –  храна не споделува со други.

– Во изминатата година, сменивме доста места на живеење во Скопје, и во секое маало веднаш станува главна фаца, затоа што сака со сите да се дружи и игра. Членови сме на многу кучешки Вибер групи и заедно запознавме многу пријатели, Беа од нејзиниот вид, јас од мојот. Времето поминато со неа ми е замена за медитација, затоа што е неисцрпен извор на среќа и игривост, освен во моментите кога морам да трчам по неа затоа што наумила да прави некаква беља. Но, тие се ретки и брзо поминуваат, и ова животно искуство не би го заменила за ништо во светот. Голема благодарност и до девојката што ја спаси од улица, што ја среди и ја објави за посвојување. Да не беше така, не знам дали Беа, ќе го имаше убавиот живот што го има денес, завршува Марија.

Мими Стојановска

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....