12:14 - 13 ноември, 2026

Сите ја критикува поради донацијата, но еве на што размислува Ким Кардашијан! (ФОТО)

Пред неколку дена, американската јавност ја осуди ријалити-ѕвездата дека сака да заработи додека трае пандемијата од коронавирусот, но таа се искупи со вредна донација. Сега од Ким стига нов бран на опседнатост со себе, велат американските медиуми.

Откако нејзината сестра Кајли Џенер донираше милион долари во една болница за медицинска опрема потребна во борбата против вирусот, Ким Кардашијан ги повика сите да купуваат од нејзините производи на новата линија Скимс и вети дека ќе донира 20% од профитот.

Profimedia
Многумина тоа го сфатија како нејзин начин да заработи за време на епидемијата, но штом порасна профитот таа навистина даде милион долари за да помогне на лекарите и медицинските сестри кои се борат во оваа несекојдневна ситуација која ја зафати целата планета.

https://www.instagram.com/p/B-ViSvXgyhu/

Откако направи едно добро дело, Ким се врати на размислувањето за својот изглед и секојдневието, па на Инстаграм објави постара фотографија на која позира како русокоса и напиша:

„Косата ќе ми биде многу здрава кога ќе помине карантинот. Размислувам да се офарбам во русокоса кога повторно ќе може да имаме човечка интеракција“

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....