08:11 - 6 април, 2026

Синот на Том Хенкс откри во каква состојба се неговите родители кои се заразени од коронавирус

Актерот Том Хенкс (63) пред неколку часа објави дека тој и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон, се позитивни на коронавирусот.

Брачниот пар моментално се наоѓа во карантин во Австралија, за што актерот ја извести јавноста преку Твитер и со тоа стана првата холивудска ѕвезда која објави дека боледува од коронавирус.

Синот на Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, се огласи преку видео порака, во која вели дека се ќе биде во ред со неговите родители, како и тоа дека неодамна се слушнал со нив.

Здраво на сите. Да, точно е, моите родители имаат коронавирус. Двајцата се во Австралија моментално, бидејќи мојот татко снимаше филм таму. Предмалку се слушнав со нив, и двајцата се добри, дури не се ниту толку болни. Не се загрижени, нема да патуваат, но ќе поминат низ потребната медицинска процедура – објасни синот на актерот.

– Не мислам дека ова е нешто за што треба да бидеме толку загрижени, но ја ценам сечија загриженост и позитивни желби. Мислам дека се ќе биде во ред. Ви благодарам, останете добро – порача Чет.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....