8.8 C
Скопје
00:19 - 28 октомври, 2026

Вајнстин пренесен во болница: Се жалел на болка во градите

Поранешниот филмски могул Харви Вајнстин (67), кој беше осуден во средата на 23 години затвор поради сексуален напад и силување, пренесен е во болница бидејќи почувствувал болка во градите, јавува агенцијата Ројтерс.

„По изрекувањето на пресудата почувствувал болки во градите и пренесен е во болница бидејќи почувствувал срцеви тегоби“, напишал портпаролот на Вајнстин.

Неколку американски медиуми пренесоа дека минатата недела му бил вграден стент.

Поротата на 24 февруари го прогласи за виновен за сексуален напад на асистентката Мими Хејли и силување на глумицата Џесика Ман, но ослободен е од вината по најтешката точка од обвинението дека е сексуален предатор, по која можеше да добие доживотен затвор.

Се појавија и детали од судењето. Странските медиуми објавија дека Вајнстин во судницата рчел, а бил опоменат дека внел дури четири мобилни телефони.

Пред изрекувањето на пресудата рекол:

„Дали чувствувам каење, жал? Да, жал ми е за сите мажи кои поминуваат низ ова“, рекол.

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....