8.8 C
Скопје
23:14 - 27 октомври, 2026

Синот на Том Хенкс откри во каква состојба се неговите родители кои се заразени од коронавирус

Актерот Том Хенкс (63) пред неколку часа објави дека тој и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон, се позитивни на коронавирусот.

Брачниот пар моментално се наоѓа во карантин во Австралија, за што актерот ја извести јавноста преку Твитер и со тоа стана првата холивудска ѕвезда која објави дека боледува од коронавирус.

Синот на Том Хенкс и Рита Вилсон, Чет Хенкс, се огласи преку видео порака, во која вели дека се ќе биде во ред со неговите родители, како и тоа дека неодамна се слушнал со нив.

– Здраво на сите. Да, точно е, моите родители имаат коронавирус. Двајцата се во Австралија моментално, бидејќи мојот татко снимаше филм таму. Предмалку се слушнав со нив, и двајцата се добри, дури не се ниту толку болни. Не се загрижени, нема да патуваат, но ќе поминат низ потребната медицинска процедура – објасни синот на актерот.

– Не мислам дека ова е нешто за што треба да бидеме толку загрижени, но ја ценам сечија загриженост и позитивни желби. Мислам дека се ќе биде во ред. Ви благодарам, останете добро – порача Чет.

Слични објави

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо

Јована Јеремиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија: Водителката откри каде отпатувала

Еспресо

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо
Се вчитува....