7.8 C
Скопје
05:36 - 22 април, 2026

Што го спаси и колку долго може да издржи Борис Џонсон? Сер Греам Брејди: „Правилата можат да се променат“

Британскиот премиер остана во улога на лидер на неговата партија откако конзервативците ја изгласаа довербата со 211 гласа „за“, а против гласаа 148 пратеници. Но вреди да се нагласи дека дури 40 отсто од неговата пратеничка група гласаа против него, вклучувајќи и членови на владата. Вчера наутро сите англиски весници осамнаа со слични наслови: „Пирова победа“, „Празна победа“,  беа насловите, дури и на таканаречените „пријателски“ весници до Џонсон.

Дури и Дејли телеграф, (кој се смета за „негов“ весник) на него гледа како на премиер кој ја има речиси половина од партијата против себе, и кој всушност веќе нема сигурно парламентарно мнозинство, па оттука и прашањето уште колку време може да продолжи.

Теоретски, според внатрешните правила на Конзервативната партија, не може да се одржи уште едно гласање (не)доверба во следните дванаесет месеци. Според тоа, Борис би бил безбеден некое време, но во реалноста, како што објасни Сер Греам Брејди, многу моќниот претседател на „Комитетот 1922“, што е јадрото на парламентарната група, вчера за италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ се изјасни дека  „тие правила апсолутно можат да се променат. Ако е јасно дека има мнозинство против премиерот, можете повторно да гласате “.

Значи, потребно е само да се дувне за да се разнесе куќата од карти на Борис Џонсон, сметаат аналитичарите. Минатото покажа дека и Маргарет Тачер и Тереза ​​Меј, кои и двете едвај го преживеале до гласањето за доверба, сепак, за кратко време биле испратени од фунцкиите. Во случајот на Борис пак, сега најважен е заклучокот од парламентарната истрага за можноста премиерот да го лажел Парламентот за „Партигејт“,  „грев“ што повлекува негова итна оставка.

– Да не зборуваме, вели Сер Греам за „Кориере“ – да се појават други работи во меѓувреме.

Всушност, она што го држи Борис на нозе – и веројатно го спаси во понеделникот вечерта – е силата на инерцијата: недостатокот на веродостојна алтернатива.

Слични објави

(Фото) Сузана Манчиќ изненади со торта со бројот 50 – поранешната лото девојка прослави пола век кариера

Еспресо

(Фото) Голем букет со цвеќе ѝ пристигна на Цеца! Пејачката доби и необично писмо, зборовите ја трогнаа

Еспресо

Знаете ли колку е богата Сидни Свини?

Т.Ц.

„Како да не се мои деца“: Ела Дворник проговори за своите ќерки кои не живеат со неа

Еспресо

Марија Кулиќ примена во болница: „Ќе бидам тука додека не ги направам сите анализи“

Еспресо

(Фото+видео) Сите трансформации на Северина: Како изгледала пејачката пред 36 години?

Еспресо
Се вчитува....