21:24 - 11 јули, 2026

Метју Меконахи е новиот глас на народот, „Јас сум едноставно дете од градот Увалде во Тексас“

Идеите за вмешување во политика особено кога ја има светската популарност на актер – оскаровец, за Метју Меконахи не се нешто ново. 

Пред две години актерот Метју Меконахи за првпат прозборува за можноста за влез во политиката, но тоа го најави како „нејасна хипотеза“, сепак, летото 2021 година глумецот ја преиспита хипотезата, правејќи ја многу поцврста. „Ќе ве известам наскоро“, рече тогаш ѕвездата. Неговата номинација за позицијата гувернер на Тексас ќе биде втора по онаа на неговиот колега- холивудска ѕвезда Арнолд Шварценегер (кој беше на чело на државата Калифорнија). Ништо ново за САД, чиј 40-ти претседател беше актерот Роналд Реган.

Лани, Меконахи отворено рече дека неговиот евентуален влез во политиката не е нешто ново, туку нешто што мислел да го направи дури пред 20 години. А потоа додаде дека прашањето за него не е „Еј, дали мислиш дека би можел да победам?“, туку – што е политиката во Тексас. Потоа се согласи дека „има голема жртва што доаѓа со одлуката“.

И само недела подоцна стигна веста дека Оскаровецот Метју Меконахи дека засега не планира да се кандидира за гувернер на Тексас, тоа самиот го објави н својот Инстаграм профил. Иако политичките амбиции на актерот предизвикаа возбуда во либералните кругови ( особено кај Тексашаните тогаш згрозени од одлуките на актуелниот гувернер Грег Абот, кој, меѓу другото, го потпиша многу рестриктивниот закон за забрана на повеќето абортуси), тој мораше да ги разочара со зборовите – „Јас сум едноставно дете од градот Увалде во Тексас и не ми паѓа на памет дека еден ден би можеле да ме сметаат за политички лидер“.

Инаку, лани анкетите покажаа дека Меконахи ќе помине подобро од неговите потенцијални противници, Абот и Бет О’Рурк, поранешен претседателски кандидат на Демократската партија, кој влезе во трката на почетокот на ноември. Сепак, глумецот одлучил да се фокусира на поинаков начин да им служи на луѓето од Тексас.

Што се однесува до холивудските колеги, неодамна се прошири веста за можноста за влез во политиката на актерката Алиса Милано. Актерката, и поранешна американска пејачка, која во светот на шоубизнисот е уште како дете, а во 90-те години беше една од протагонистите на суперполуларната серија Мелроуз Плејс, ги потврди гласините за нејзиното влегување во политиката.  „Ќе се кандидирам во 2024 година“, изјави Алиса Милано во едно интервју дадено за политичкиот весник со седиште во Вашингтон „Хил“.

„Размислувам за четвртиот дистрикт во Калифорнија кој потенцијално ќе се трка против Меклинток. Мислам дека ќе биде потребно некој со препознатливо име и длабоки џебови за да може да се трка против Меклинток, па размислувам за тоа “, додаде таа.

Но сепак, да се вратиме на политиката и Метју Меконахи, „едноставното дете од градот Увалде во Тексас“. Веќе сите се сигурни дека згрешил што не влезе навреме во политичката трка, особено после маскрот на децата во училиштето во Увалде, кое се случи неодама. Затоа воопшто не изненадува што вчера тој зборуваше во Белата куќа како специјален гостин, а се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден за да разговара на тема за оружјето.

фото-Инстаграм

Всушност, глумецот се понуди да ја искористи својата популарност за да ги покани лидерите да преземат акција за ставање крај на бесмислените убиства и да одобрат разумни мерки за одговорност за поседување оружје.

„Мојата сопруга и јас ги запознавме семејствата на Увалде, кои го почитуваат споменот на нивните деца. Тука сум затоа што дојде време за вистинска промена”, рече Метју Меконахи (52).

 

Слични објави

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ покажа како изгледа без шминка на прагот на осмата деценија: Воодушеви со природниот изглед

Еспресо
Се вчитува....