13.8 C
Скопје
10:39 - 3 март, 2026

Што би се случило ако Украина победи на Евровизија? Се појавија првите хипотези

Каде би се одржала Евровизија 2023 ако Украина победи? Еве ги првите хипотези.

Тие се големи фаворити на годинешниот избор на песна за Евровизија, а во првото полуфинале беа испратени со овации и со тоа покажаа дека и од публиката имаат голема поддршка за победа, исто како што се први и на обложувалниците.

Станува збор за оркестарот Калуш, групата што ја претставува, со нивната песна „Стефанија“, Украина, која спред нивните зборови, е посветена на сите украински мајки. Нивната песна ги освои европските фанови и може да им овозможи навистина да стигнат до конечната победа, благодарение и на кореографијата за време на настапот која никого не остава рамнодушни.

Но, што би се случило следната година ако на Евровизија навистина би победила Украина, земја која моментално е вклучена во сериозен воен конфликт?

Организаторите почнаа да зборуваат за тоа, ставајќи ги на маса првите хипотези.

Прашањето било поставено на Мартин Остердал, извршниот надзорник на Изборот за песна на Евровизија. На прес-конференцијата новинарите сакале да му укажат дека јавноста почнува да се „грижи“ за евентуална победа на Украина, која по регулатива ќе го донесе шоуто во 2023 година токму во Киев. Во овој момент да се замисли дека може да се организира голема меѓународна манифестација на тие географски широчини, би изгледало како вишок оптимизам.

Сепак, и покрај тоа што никој не се надева дека конфликтот со Русија ќе трае толку долго што ќе ја поткопа евентуалната организација на Евровизија, логично е да се постават неколку прашања за тоа. Одговорот на Остердал бил дипломатски: „Со кој и да победи, започнува дијалог за организирање на настанот. Истото би се случило и во случај на победа на Украина“. Зборови кои ја оставаат отворена секоја хипотеза, па дури и онаа за можно преселување на Евровизија во земја која не постигнала успех оваа година со својот настап.

Истото прашање последниве денови беше поставено и до оркестарот Калуш, уметниците кои го носат украинското знаме. За нив нема да има проблеми ако победат да ја донесат Евровизија во Украина: „Се ќе оди добро: ќе биде домаќин во развиена и интегрирана земја“.

Слични објави

Ново огласување на Јелена Томашевиќ: Ја откри својата дијагноза и како се чувствува

Еспресо

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

Дневен хороскоп за 3 март: Не донесувајте избрзани одлуки

apostolova

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо
Се вчитува....