11.8 C
Скопје
20:31 - 17 октомври, 2026

Шпанија ќе биде прва земја од Европа што законски признава менструалното отсуство, лидери во ваква праска се Индонезија и Јапонија

Јавната дебата во Шпанија се разгоре по предлогот на Министерството за еднакви можности да се вметне признавањето со нов закон за менструално отсуство за жени со особено болни менструални циклуси. Оваа иницијатива, која се очекува да биде изгласана од собранието утре, ќе направи од Шпанија прва земја во Европа со ваков стандард.

Според шпанските медиуми кои имале пристап до прелиминарната верзија на предлог-законот, подготвен од Министерството за еднакви можности, времетраењето на оваа дозвола би било три дена, со можност за продолжување на уште два дена во случај на акутни симптоми, а врз основа на лекарско уверение.

Државниот секретар за еднаквост и против родово насилство, Анџела Родригез, веќе предвиде дека оваа мерка ќе стане норма. Родригез објасни дека оваа мерка ќе ја стави Шпанија на чело на репродуктивното здравје и права во Европа. Понатаму, таа рече дека законот за работни односи „не може да биде родово неутрален“.

Повеќето од земјите кои дозволуваат отстуство од работа поради менструални болки, веќе вметнато во законот,  се наоѓаат во Азија. Индонезија е најотворената земја во оваа смисла. Во 1948 година во законот за работни односи беше вклучена клаузула во која се вели дека жените кои работат „не можат да бидат принудени да работат“ на првиот и вториот ден од менструацијата.

Години подоцна, во 2003 година, најновиот закон за работни односи во земјата го вклучува правото на два дена платено менструално отсуство. Понатаму, таа ја вклучи во закон и обврската за регулирање на оваа практика во договорот. Компаниите можат да бидат казнети доколку ова право не се почитува.

Во Јапонија пак, менструалното отсуство е признаено од 1947 година. Сепак, законодавството не ги обврзува компаниите да ги плаќаат вработените во овој период. Како што е случајот со другите отсуства оправдани со други медицински причини. Она што го предвидува законот се казни до 300.000 јени (околу 2.200 евра) за оние компании кои ќе го одбијат барањето на своите вработени.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....