6.8 C
Скопје
08:08 - 20 февруари, 2026

Шокантни сознанија за смртта на Касија Галиано; „мојата клиентка умре од тага“ – тврди адвокатката на поранешната принцеза

По разделбата од нејзиниот сопруг, Касија Галанио, започна долга правна битка за старателството над нејзините три малолетни ќерки: последната судска жалба беше одбиена во средината на мај. „Мојата клиентка беше уништена од оваа одлука. Мислам дека таа навистина умре од болка “, рече нејзината адвокатка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kashounia


Преубавата Касија Галанио, поранешна принцеза на Катар, беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Марбела, познато луксузно одморалиште во Андалузија. Веста ја објави новинската агенција Ефе, потврдувајќи ја објавата на францускиот весник Le Parisien.

Според извештаите, Касија, 46-годишната поранешна сопруга на Абделазиз бин Калифа Ал-Тани, вујко на катарскиот емир, била пронајдена мртва во неделата. Во очекување на обдукцијата, една од хипотезите за причините за смртта е конзумирање на некоја штетна материја.

По разделбата од нејзиниот сопруг, Галанио, со двојно – полско и американско – државјанство, Касија  водеше долга правна битка за старателство над нејзините три малолетни ќерки: жалбите на Касија беа отфрлени од парискиот суд пред неколку дена. На 19 мај, парискиот суд ги отфрли барањата на Касија, која помина неколку месеци во болница во ноември и која, според францускиот весник, била подложена на нервни сломови и третмани за детоксикација.

„Мојата клиентка беше уништена од оваа одлука. Мислам дека таа навистина умре од тага“, изјави нејзината адвокатка Сабрина Боеш, која е во Шпанија со двете најстари ќерки на Касија, за парискиот весник и токму Сабрина морала да ја идентификува.

Исто така, според „Le Parisien“, една од ќерките на парот кон средината на април пријавила дека била жртва на сексуално насилство од страна на нејзиниот татко кога имала меѓу 9 и 15 години.

Поранешната принцеза од Катар е пронајдена мртва во својот дом во Марбела

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо
Се вчитува....