11.8 C
Скопје
16:13 - 21 април, 2026

Шок изјава на Чедомир Јовановиќ за атентатот на Ѓинѓиќ: „На Цеца ѝ кажаа дека ќе го убијат Зоран и да си има спремно алиби“

Српскиот политичар кој своевремено беше близок соработник на убиениот премиер на Србија Зоран Ѓинѓиќ, Чедомир Јовановиќ во утринската програма на телевизија Курир изнесе детали за сомнежите за поврзаноста на Светлана Цеца Ражнатовиќ со убиството на Зоран Ѓинѓиќ.

– Се сеќавам на разговорот во кој од Обвинителството ми кажаа дека треба да ги исклучиме Булатовиќ, Томиќ и Цеца од случајот. Коштуница ќе го сруши судот ако не го направиме тоа – рече Јовановиќ.

Негативно го оцени тоа што на пејачката наместо за убиство на премиерот, ѝ се судеше за трансфер на играч.

– Не сум јас тој што суди. Тоа беше судска комисија. Она што се случи е што мизерно не успевате да судите некого за убиството на Ѓинѓиќ, а потоа му судите дека не регистрирал трансфери на играчи. Обилиќ не го направи Цеца, туку нејзиниот сопруг. Таа само продолжи да се однесува како што научи. Но, мене ме интересира убиството на Зоран.

Јовановиќ тврди дека Ражнатовиќ била свесна дека се подготвува атентат врз премиерот.

– На Цеца ѝ рекоа на паркингот пред стадионот Обелиќ дека ќе го убијат Зоран и дека таа треба да има алиби, така што ќе каже дека тогаш биле кај неа. Тоа еднаш им помина кога го убија Баточанин. Дали таа можела поинаку да се однесува, тоа е друга тема. Секој си го носи својот крст, но таа е претсавена како мајка на Србија, а не е ни мајка на девер Југовичи, нити на оние момци од Кошара кои храбро изгинаа во 1999…Но тоа зборува за оваа земја и за сите нас на лош начин – додава Јовановиќ, а пренесува српски курур.

Слични објави

„Децата знаеја пред мене“: Харис Џиновиќ си ја отвори душата за разводот од Мелина

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо
Се вчитува....