08:31 - 7 ноември, 2026

Тепихот на Оскарите нема да биде црвен за прв пат по 62 години: „Нема да се пролее крв“

Оскарите нема да се отворат со црвен тепих за прв пат од 1961 година, пренесува AP News.

За 95-тото доделување на Оскарите беше избран тепих во нијанса на шампањ. Последните 62 години секогаш имаше црвен тепих.

„Мислам дека покажува колку сме уверени дека нема да се пролее крв“, коментира комичарот Џими Кимел, кој ја има честа да биде домаќин на претстојната церемонија.

Одлуката за црвениот тепих да се замени со шампањ ја донеле креативните консултанти Лиза Лав и Раул Авила, кои се задолжени за сетовите на балот на Мет Гала Костим Институтот.

Настанот ќе се одржи ноќта на 13 март 2023 година во театарот Долби во Лос Анџелес. На него ќе се појави и Ријана, бремена со своето второ дете со A$AP Rocky. Пејачката од Барбадос ќе го изведе саундтракот Black Panther: Wakanda Forever, „Lift Me Up“, номиниран за Оскар во категоријата „Најдобра филмска песна“.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....