Омилениот турски актерски пар, Халит Ергенч и Бергузар Корел, уживаат во слаткото исчекување на нивното второ дете. Актерската ѕвезда Бергузар моментално поминува низ најубавиот животен период и ги брои деновите до своето породување. Иако почетокот на бременоста го криеше од очите на јавноста, таа во последно време редовно објавува фотографии од трудничкиот стомак на Инстаграм.
Турските медиуми претходно пишуваа дека актерката ги откажа сите ангажмани, бидејќи е во ризична бременост. Всушност, пишуваа дека гинекологот ѝ соопштил дека мора да мирува за време на бременоста, бидејќи постои голем ризик од компликации.
„Бергузар мораше да откаже учество во еден проект, а го затвори и ресторанот кој беше во нејзина сопственост, бидејќи гинекологот и нареди да мирува. Со оглед на тоа дека бебето е на прво место, прекрасната актерка им соопшти на продуцентите да ѝ најдат замена“, рече извор близок на актерката.
Таа со Халит веќе има еден син кој се вика Али.