7.8 C
Скопје
20:55 - 30 март, 2026

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПРИГОТВИ ТОРТА ОД БОРОВИНКИ: Бара само неколку состојки и воопшто не се пече!

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

– Вкусот и брзината на подготовка на оваа торта е се што треба да ве привлече за да почнете со нејзина подготовка, советува шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Состојки
За кора:
1/2 чаша мелени ореви
1/2 чаша посна DIET плазма
1/2 лажичка ванила
3 лажички кокосово масло
За полнење:
300гр. веганско маскарпоне
3/4 чаши чист јаворов сируп
1 чаша боровинки
2 лажици кокосово масло
Додатоци: Сецкани или мелени ореви, замрзнато овошје

фото – приватна архива

Подготовка

Мелените ореви и плазмата измешајте ги заедно со кокосовото масло и ванилата. Убаво промештајте и поставете ја смесата на калапот за чизкејк. Израмнете го тестото за да го наполните дното на калапот. Измешајте го веганското маскарпоне, боровницата, јаворовиот сируп, кокосовото масло и матете со миксер додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја смесата врз кората и израмнете со нож. Може да ја декорирате со замрзнато овошје и сецкани ореви.
Замрзнете ја тортата најмалку 1 час.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

 

 

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....