15:32 - 31 јануари, 2026

(Фото) Шакира има нова љубов? Фатена со водителот Карсон Дејли: Се запознале пред десет години, а сега се гледаат

Во последниве месеци, актуелно беше раскинувањето на Шакира и Жерар Пике. Како и секое друго раскинување, секогаш барем една од двете страни прават драстични персонални промени и ги вратат своите животи на сосема друг пат. Тоа беше случајот со поранешниот играч и капитен на Барселона, Пике, кој почна да излегува со Клара Чиа минатата година, иако некои велат дека биле заедно долго пред тоа.

Како и да е, се чинеше дека Шакира не беше заинтересирана да го обнови својот љубовен живот. Таа беше повеќе фокусирана на објавување на нови песни кои беа настроени кон Пике.

Сепак, неодамна Шакира беше забележана во друштво на ТВ водителот Карсон Дејли. Шакира и Карсон беа „фатени“ како се шетаат по улиците на Њујорк, па дури и одат заедно на хокеј натпревар.

Дали Карсон Дејли е новата љубов на Шакира допрва ќе дознаеме.

Роден на 22 јули 1973 година во Санта Моника (Калифорнија), водителот Дејли е еден од најпознатите американски телевизиски водители, со речиси 15 години искуство пред камерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TODAY (@todayshow)

Во неговата професионална кариера имал прилика да се запознае со многу важни личности, меѓу кои секако и Шакира. Првата средба им се случила во шоу емисијата „Гласот“ пред нешто повеќе од десет години, кога пејачката од Колумбија беше судија во шоуто, заедно со ѕвездите Адам Левин и Ашер.

инстаграм

Тие се познаваат отткогаш и останале во контакт, а сето тоа кулминираше со нивната скорешна средба. Сепак, има нешто што не е сосема разјаснето во оваа можна романса, а тоа е дека Дејли е во брак од 2015 година со Сири Пинтер, со која има четири деца.

Значи, освен ако не станува збор за отворен брак, се упатува на фактот дека Шакира и водителот немаат ништо повеќе од едно убаво пријателство.

 

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....