20:33 - 2 април, 2026

СЕВЕРИНА СО ПОДДРШКА НА УКРАИНА, АМА И НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Еве како се дотерала за концертот во Брчко и зошто баш така!

северина

Веќе два дена се зборува за стајлингот на Северина Вучковиќ на неодманешниот концерт, а таа сега и официјално се обрати на Инстаграм и ја објасни ситуацијата околу која се поделени мислењата.

Таа неодамна одржа концерт во Брчко, Босна и Херцеговина, прв концерт кој воопшто го имала тука. А впечатоците ги сподели со фановите на Инстаграм.

– Ова е прекрасен Младински плоштад во Брчко, каде што за прв пат пеев во понеделникот вечерта. Беше голема љубов на прв поглед. Преполниот Младински плоштад (Трг младих), вашите раце и пеење засекогаш ќе останат во моето срце. Беше студено, но тоа не не спречи да имаме баш добра ноќ – напиша пејачката, а постот е прослден со неколку фотографии кои ги објави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Но, детал кој на многумина им падна во очи е тоа што пејачката настапи во нешто налик на сива тренерка, што некои го протолкуваа како знак на непочитување кон публиката.

Затоа Севе реши да го објасни изборот на својот стајлинг, објавувајќи фотографија на која позира во тренерка, но во комбинација на сина и жолта боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Признавам дека во Брчко настапив во тренерки во неутрални бои, и според некои сум ја навредила публиката, но причината за тоа беше токму да не ја навредам публиката со изборот на облека…Значи, за целиот бенд токму за настапот во Брчко дадов да се скројат тренерки во боите на Босна и Херцеговина и на украинското знаме, поентираше Северина. 

 

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....