Хрватската пејачка Северина деновите ги поминува во Белград во семејната вила на нејзиниот сопруг, а таму ќе го прослави и Велигден.
Пејачката покажа како ги фарба јајцата, но се пожали дека ова е нејзин прв Велигден без нејзиниот син Александар.
„Се ближи најубавиот празник, Велигден. Кога бев мала одев со мајка ми во црква, а пред тоа со нејзе ги боев јајцата и и помагав. Оваа година не сум со син ми, но за него обоив јајца кои ќе ги украсам. Ќе ги ставам во топла вода и на нив ќе ставам нешто супер, ќе направам зајче. Тој многу ќе се радува“, рече Северина.