5.8 C
Скопје
00:56 - 1 април, 2026

Сексуалниот престапник Вајнстин пренесен во озлогласениот и опасен затвор „Рајкерс“ во Њујорк

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин е пренесен во озлогласениот њујоршки затвор „Рајкерс“ вчера, десет дена откако е осуден за силување и сексуален напад.

67-годишниот продуцент од историската пресуда 24 февруари се наоѓаше во болница во Менхетен, откако се пожалил на болки во градите.

Вајнстин, чии филмови освојуваа и Оскари, по операцијата е пренесен во болничката единица во затворот Рикерс, рече за АФП неговиот портпарол.

Фото: Профимедиа

„Отстранет е проблемот“, рекол тој, а неколку американски медиуми пренесоа дека на Вајнстин му е вграден стент.

Вајнстин беше прогласен за виновен за сексуален напад на поранешната асистентка Мими Халеји од 2006 година, и за силување на поранешната глумица Џесика Ман во 2013 година.

Ослободен е по две точки на обвинението за предаторски сексуален напад, за што можеше да добие и доживотен затвор.

Движењето (#MeToo) „И јас исто така“ против непримерното сексуално однесување на пресудата се осврна како историска, но тимот на Вајнстин вели дека ќе вложи жалба.

Рајкерс е еден од најпознатите американски затвори во кои беа затворени познати личности како Сид Вишс од „Секс пистолс“, раперот Тупак Шакур и поранешнот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Штраус-Кан.

Големиот комплекс, познат по редовните насилни испади против затворениците и чуварите, ќе се затвори во 2026 година.

Profimedia

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....