12:30 - 7 ноември, 2026

„СЕ РАЗОЧАРАВ, НО НЕ СУМ ДО ТОЛКУ ОЧАЈНА“: Сара Јо проговори за своите чувства за Беовизија

Сара Јовановиќ откри дека била разочарана кога не победила на Беовизија, a беше фаворитка.

Но, понатаму таа открива и дека не мисли ништо лошо за Констракта. Сепак, пејачката стана главна тема на социјалните мрежи по „поразот“ од Ана Ѓуриќ Констракта.

Имено, Сара заврши на второто место, а многумина го коментираа изразот на лицето на пејачката кога Констракта беше прогласена за победничка.

– Секако, имаше и разочарувања, бидејќи знаеме дека дадовме се од себе, но бидејќи сум луда перфекционистка, најважно ми беше кога ќе се симнам од бината а сум задоволна, и фала богу што беше така. Се разбира, беа вклучени и емоциите, но далеку од тоа дека до толку сум очајна – рекла пејачката.

Сара истакнува дека мисли се најдобро за Констракта и нејзината песна и дека се надева дека ќе победи во Торино.

-Никогаш не се знае, но мислам дека автентичноста на Констракта ќе ја доведе до висок пласман, до првото место. Мислам дека Констракта отсекогаш била олицетворение на автентичноста – изјавила Сара за Гранд онлајн, пренесува Блиц.

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....