14.8 C
Скопје
14:43 - 17 октомври, 2026

Се повлече од естрадата, па во друга земја покрена бизнис: Еве од што денес најмногу заработува Милан Станковиќ 

Пред неколку години, српскиот пејач Милан Станковиќ донесе одлука целосно да се повлече од јавноста и од естрадната сцена, посветувајќи се на својот приватен и духовен живот.

Последните години внимание најмногу привлекуваше со своите престојувања во манастирите, па така во манастирот Подмајне во Црна Гора престојуваше за да најде духовен мир, иако се шпекулираше дека можеби и ќе се замонаши.

Далеку од рефлекторите, тој ја задржа музиката само како лична страст, а во меѓувреме започна сосема нов и многу профитабилен бизнис.

Во текот на престојот во Соединетите Американски Држави пред две години, Станковиќ ја добил идејата да започне бизнис за превоз на автомобили со седиште во Чикаго.

Неговата компанија за транспорт започнала со само еден камион, а денес прераснала во возен парк од десет возила, што му носи доста добра заработувачка.

Станковиќ, порано познат и по својата руса коса, сега сосема го сменил имиџот. Пејачот сега има долга коса во природната кафеава боја и носи диоптерски очила.

Слични објави

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.

(Фото+видео) Адриан Гаџа сподели емотивни моменти со петмесечниот син

Еспресо
Се вчитува....